Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НАСТЕЛ“ НА АЗМАНОВ ПРОДАДЕ 26, БРАЌАТА ПЕЦОВСКИ КУПИЈА ОСУМ АКЦИИ - еве какви сопственички промени се случија во „Реплек“

„НАСТЕЛ“ НА АЗМАНОВ ПРОДАДЕ 26, БРАЌАТА ПЕЦОВСКИ КУПИЈА ОСУМ АКЦИИ - еве какви сопственички промени се случија во „Реплек“

Нови акции купија браќата Душан и Владимир Пецовски од компанијата „Реплек“, а акции таму продолжува да продава бизнисменот Зоран Азманов, односно неговата градежна компанија „Настел“. 

За тоа, како и секогаш, транспарентно објави ова акционерско друштво преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.

Од компанијата објавија дека акции продал бизнисменот Зоран Азманов, и тоа 26 акции, па сега неговиот акционерски капитал во компанијата е 21.602 акции, што е рамно на 8,33 отсто од вкупниот број акции, и што се уште важи за прилично респектабилен процент на сопственост во компанијата, односно тој се уште е во категоријата на акционери кои поседуваат над 5 отсто од капиталот.

Додека, пак, Душан Пецовски, најголемиот акционер во таа компанија и нејзин прв човек, односно извршен директор, како што објавија од компанијата, купил нови пет акции, и сега поседува вкупно 31.610 акции, или 12,2 отсто од акциите.

Неговиот брат, пак, Владимир Пецовски, се стекнал со 3 нови акции, со што поседува вкупно 16.435 или 6,34 отсто од вкупниот број на акции.

Или, заедно двајцата браќа сега располагаат со 18,54 проценти од акционерскиот капитал на компанијата.

Н.Н.Ф.
Слично

Поврзани вести