Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наставнички пленум: новите програми по Кембриџ – трајно лоши реформи со последици за знаењето на учениците!

Наставнички пленум: новите програми по Кембриџ –  трајно лоши реформи со последици за знаењето на учениците!
Расте незадоволството кај просветните работници. Тие се се побројни и се  обединуваат во редовите на Наставничкиот пленум. Стануваат погласни и похрабри отворено да зборуваат за проблемите во образованието кои, според нив,  се бројни, напластени и го оневозможуваат правилното функционирање во воспитно-образовна смисла. Тие се жалат дека  се изложени на притисок и страв поради бројните реформски зафати кои го оптеретуваат образовниот процес  во административна смисла, а го оддалечуваат од неговата базична работа – посветеноста на децата. “Станува збор за многуте реформски зафати кои не го дадоа очекуваниот ефект, а на кои се инсистира и покрај тој непобитен факт. На пример, простото пресликување на туѓи системи на домашен терен не може да даде добар ефект, заради различностите кои нашиот образовен систем ги има во однос на системите од каде тие зафати доаѓаат и се имплементираат кај нас. Еклатантен пример е реформата во основното образование по Кембриџ програмата, на пример, која покажува низа недоследности и остава трајни последици по степенот на знаење на учениците. Понатаму,  екстерното тестирање, на пример, како апсолутно погрешна алатка за вреднување на наставникот сведен на оценувач, како и електронскиот дневник, како on line алатка која го дуплира ангажманот на наставникот бидејќи е паралелен со класичниот дневник и надополнет со низа други административни обврски”-сметаат од Наставничкиот пленум. Сведувањето на наставникот на исплашена фигура, според нив, наместо неговото третирање како важен субјект во креирањето на животните патишта на децата е голем проблем, кој ги прави дел од нивните колеги несигурни и воздржани. Многуте закани со енормно високи казни по различни основи, воглавном со административна тежина и без допирни точки со училницата, секако велат, не помагаат за подигање на квалитетот кој сеуште останува само декларативна заложба. Обемните наставни програми, како и несоодветните учебници по структура, стил  и содржина, според нив,  се исто така само дел од проблемите кои долго време го поткопуваат образовниот систем и го прават дисфунционален. Проблемите се бројни и за нив треба многу да се зборува. Оттука, потенцираат,  логично се родила идејата за нивно здружување. “Наставничкиот пленум е логичен резултат на гореопишаните состојби и е замислен како продолжување и заокружување на образовните пленуми иницирани од професорскиот пленум. Има за цел да се бори за јавно презентирање на сите проблеми  со кои образованието се соочува, да сигнализира дека постојат и да се залага за враќање на вистинскиот квалитет во образованието и дигнитетот на сите инволвирани во оваа фундаментална дејност. Ќе дејствува како платформа која ги обединува воспитувачите во градинките, учителите во основното и наставниците во средното образование, како и стручните соработници инволвирани во овие  образовни нивоа”-велат од Пленумот. Прекинот на штрајкот, причина да се  бараат нови решенија! Прекинот на штрајкот и постигнатиот договор на СОНК со министерот за образование, според наставниците и професорите, го обврзуваат наставничкиот пленум уште понеколобливо да ја продолжи својата активност за сите наталожени проблеми во оснвното и средното образование. Тие се едногласни дека никој освен наставниците, професорите и ученците не може подобро да ја познава состојбата во образованието и сите проблеми со кои секојдневно се соочуваат.Оттука,  инсистираат  да бидат  директно вклучени во измените и носењето нов закон што ги  засега нив  и нивните ученици. “Деновиве бевме сведоци на невидена форма на притисок врз наставниците кои своето незадоволство го изразуваа преку штрајк. Како резултат на тоа, меѓу наставниците се создава поделеност, пред се, а потоа и страв дека заради стапувањето во штрајк и етаблирањето на никаде во светот видената категорија на заменски наставници, можат да го загубат своето работно место. Се чувствува острата поделеност меѓу наставниот кадар од различни други причини, за жал, но она што охрабруваше  е фактот дека од ден на ден, бројот на училиштата кои се приклучуваа кон штрајкот раснеше, дури и во средини каде таа тенденција не можеше ни да се замисли. Тоа само покажува дека фелата е со право револтирана и заради немањето слух на надлежните се случува ова што во моментов го гледаме – пораст на револтот и охрабреност тој да се покаже”-потенцираат  од Наставничкиот пленум. Екстерното тестирање е, велат,  само капка вода во морето од проблеми и истото според нив, никогаш нема да го подобри ниту знаењето, ниту одговорноста кај завршениот срденошколец. “Дојдовме до една многу контрадикторна математика, да ученици со послаб просек на крајот се изедначуваат со ученици кои имаат висок просек. Наградувани учници на државни натпревари, ученици со квалитетни петки, колабираат со прашањата, оти погрешно поставено прашање само на среќа дава точен одговор. А која е таа среќа, да добиеш петка со заокружување и  кога наставникот ќе те праша на кој материјале се однесува прашањето, во обид да провери дали го препознаваш материјалот, резултат е поразителен, фактографско учење на памет  не е образование. Една преку цела година активна корчагинска петка, сигурна во своето знаење но преморена, може да добие пониска оцена, и обратно  еден од икс причини демотивиран ученик за повисоки оценки и со слаб успех, двојките многу лесно ги заокружува на петки. И каде сме ние тука ин медиа рес, кога на срамниот столб на интернет сите не читаат како необјективни наставници, а во заграда никаде не се спомнува нашиот долгогодишен труд, менторства, признаниа, сертификати и најваѓно од се почитта и љубовта од нашите ученици кои сведошат за нашиот труд”-додаваат просветните работници од Пленумот. Екстерното тестирање не смее да биде критериум за проценка на квалитетот на наставникот! Екстерното тестирање, според нив,  неможе да го измери  квалитетот на еден наставник, кој трпи последици од истата бидејќи е непедагошка, невоспитна и во никој  случај не може да биде одраз на вистинскиот степен на знаење на ученикот. Сите досегашни тестирања  според наставниците, го потврдиле  фактот дека станува збор за комплетно изместување на процесот на оценување на наставникот, а уште повеќе на ученикот. Дополмнително, поради пропустите кои го следат веќе три години по ред, екстерното тестирање, велат, не е ниту  валиден инструмент, ниту реален одраз на состојбата. Напротив,според нив, досега се покажало  дека овој експеримент оставил последици по сите. “Наставникот се проценува и вреднува преку 30 прашања со понудени одговори и заокружување на еден точен од нив, а ако се напомене дека учениците имаат пристап до банката на прашања по предмети во текот на целата година и со самото тоа се во можност да ги научат како прашања, а не како материја која означува знаење, јасно е од кои причини сите наставници се застанати во одбрана на својот дигнитет. Треба да се знае дека заради разминувањето на оценката од ситуационото екстерно тестирање, со прашања на заокружување од една страна и целогодишната оценка на ученикот, добриена преку бројни и разновидни алатки за следење на ученикот низ годината, може да го изгуби своето работно место.. Замислете, казнети се наставници кои всушност се вистински пример за УЧИТЕЛ, во смисла на комуникација со учениците, мотивација, постигнати резултати во различни проекти, настава, учење и сл. Уште пострашно, како порака се разбира за модели кои ова општество ги наградува, се наградените наставници, меѓу кои има класични примери за тоа КАКОВ ЕДЕН НАСТАВНИК НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ!”-нагласуваат членовите на Наставничкиот пленум. Наставникот да менаџира со времето, околностите и наставните програми! Дополнително тие ги нагласуваат другите исто толку сериозни проблеми врзани со квалитетот и недостатокот на учебниците, но и со недоволно осмислените и несоодветни програмите. “Досега ништо од спроведените реформи не придонесе во насока на подобрување на состојбата. Токму затоа ние бараме повлекување на екстерните испити како инструмент за вреднување и на учениците и на наставниците и инсистираме да бидеме вклучени во секоја наредна анализа и обработка на законите со наши предлози и мислења. Знаењето на учениците е пред сè наша одговорност и ние не сакаме да бегаме од неа! Сакаме да се чуе нашиот глас, нашиот став и нашите мислења. Ние не сме статисти, туку актери во креирањето на иднината на младите. Нема да престанеме да се бориме за подобро образование! Тоа им го должиме на нашите ученици, на нивните родители и на нашата земја”-подвлекуваат членовите  на Пленумот. Реално образование и воспитание, според просветарите,  има дотаму до каде што наставникот успева да менаџира со времето, околностите и наставните програми. Во тие пукнатини меѓу овие клучни фактори за реализација на воспитно- образовите цели, наставникот, велат,  се обидува  да го „протне“ суштински најважниот процес за созревање на младите генерации. И додека тие продолжуваат  да креираат  начини за избегнување на законски верификуваните пропусти на системот, во училиштата се соочуваат  со вештини и интереси на децата на 21-от  век. Токму поради овие причини, нагласуваат наставниците,тие  и училиштето ја доживуваат  најголемата иронија на модерното образование. “Увидот во работата на наставниците од страна на инспекциските служби,  законски е редовна процедура.  Но она што загрижува е „координираноста“ на проектот ,,екстерно тестирање“ и пристапот на инспекциските службеници во насока на  разобличување на моделот наставник. Со други зборови,  со континуирани и вонредни контроли  во училиштата, со закани за казни по различни основи, во училиштето од наставникот се создаде модел на  жртва за пропустите на системот, за коишто тој  нема директно  влијание, ниту пак  има вина за истото . Наставата и улогата на наставникот во тој суптилен процес на образование и воспитување на учениците веќе изгуби секаква смисла. Токму тој суштински најважен процес, станува невалиден критериум за проценка на успешноста на наставникот. Оттука, фокусот е ставен на ,,образование и воспитание“ на хартија, кои немаат никаква врска со реалноста во која живееме и создаваме генерации”-потенцираат од Пленумот. Брзи и чести закони-лоши решенија! Законите, додаваат, се носат без транспарентост, без отворен дијалог и без заложби тој да биде приофатлив и применлив за сите вклучени субјекти на коишто истиот ќе се однесува. Нашите закони за образование ги оценуваат како целосно несоодветни на реалноста, на условите во коишто се реализира наставата. “ И кога таквите закони, донесени на овој начин, ќе станата реалност, несогласувањето и неприфаќањето на истиот мора да стане реалност. Притисоците за се отвори прашање за нив, заканите, условувањата од различни ,,високи“ инстанци, создадоа од нас соучесници во процесот на девалвација и обезличување на знаењето и вредноста. Останува да веруваме дека претставниците на МОН ќе разберат дека институционалното  образование не е нивно ексклузивно и наследено право и дека тоа е модел и процес во кој сме вклучени ние, кој ни на наставниците и учениците  и како таков, тој ни припаѓа нам!Ние сме неговите кретори”-реагираат наставниците и професорите. Тие сеуште Кандидовски мислат и веруваат  дека  дијалогот ќе вроди со резултати. Фактот   дека  нивните храбри колеги од другите училишта кои штрајкуваа не мислејќи на своите казни туку на казнувањето на ученици со вакво екстерно, остануваат на браникот за одбрана на квалитетот и знаењето. “Ние сме микро во макро космосот, се чувствува, но не така радикално затоа што како интелектуалци и воспитувачи се трудиме да ги амортизираме политичките и партиски превирања, не има многу аполитични и партиски неопределени. Но многу полошо е кога сме апатични и дезорентирани по прашањето кое сите подеднакво многу не засега. Наша морална одговорност е да го сочуваме ученикот во училница, да го учиме на здраворазумно размислување, на трудољубивост, на читачка кондиција, на реторика, на креативно пишување... Патем, кој може подобро да ги оцени нашите ученици освен ние, нивните учители.Часовите кои ни ги одржаа на сите штрајкувачите, е знаење стекнато за низ  животот, колегите држеа часови и на учениците и на колегите и на претпоставените во се поприсутниот хиерархиски систем”-велат од Наставничкиот пленум. Тие порачуваат надлежните да ги  остават да работат,  како што велат, и до сега, методолошки, професионално, посветено, бидејќи велат, оценката е резултат на процес, а не на настан. Горди се што токму дел од нивните ученици брилираат на факултетите со добрата основа од основно и средно образование. С.Б.
Слично

Поврзани вести