Економија, финансии, бизнис

Контакт

Настаните во Венецуела ја зовреа цената на нафтата

Настаните во Венецуела ја зовреа цената на нафтата

Во главниот град на Венецуела, Каракас и состојбата и натаму е тензична, ден по обидот за пуч. Оспорениот претседател Николас Мадуро во телевизиско обраќање до нацијата и честиташе на армијата дека ги поразила заговорниците на бунтот. 

По настаните во Венецуела, цената на нафтата се зголеми на светскиот пазар и ја надмина границата од 73 долари за барел. Мадуро откако ја презеде власта, се обвинува за поткопување на демократијата, за корупција и загрозување на човековите права, но и за економска криза во земјата. Гваидо, кој во јануари се прогласи за претседател и беше избран за претседател на Народното Собрание, за многумина беше освежување за сите кои беа незадоволни од политиката на Мадуро и економскиот колапс на државата. Гуаидо студираше индустриски инженеринг, а студиите ги комплетираше во универзитетот Џорџ Вашингтон во САД.

Слично

Поврзани вести