Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАСЛЕДНИЧКА НА АЈНШТАЈН: На 13 години изградила авион, па НАСА ѝ понуди работа

НАСЛЕДНИЧКА НА АЈНШТАЈН: На 13 години изградила авион, па НАСА ѝ понуди работа

Сабрина Пастерски имала само 13 годиди, кога ја завршила изградбата на нејзиниот авион, по што продолжи да ги остварува нејзините други соништа и амбиции.

Денес Сабрина има 22 години, а голем број луѓе ја сметаат за „новиот Ајнштајн“ - млада девојка чијшто мозок функционира на начин непознат за многу луѓе. Таа редовно се појавува на листата на луѓе под 30 години во магазинот „Forbеs“, а дипломира на Инстиутот за технологија во Масачусетс, еден од најпрестижните универзитети во светот со највисоки поени - 5.00. Таа сега е на пат да докторира на Харвард.

Џеф Брезос, инвеститор во воздухопловството и основач на „Amazon.com“, испрати отворена покана до Сабрина да биде дел од поканијата. И НАСА наводно била заинтересирана за нејзино регрутирање.

20160118-sabrina-pastreski-devojkata-koja-ja-smetaat-za-noviot-ajnshtajn-m

Изградбата на авионот и` помогнало да ја сфати физиката на опиплив начин. Нејзиниот следен проект е да ни` помогне да го разбереме универзумот. На Харвард таа ги проучува црните дупки, гравитацијата и времето во просторот, области на проучување на Ајнштајн и Стивен Хокинг.

„Со тоа што во текот на годините ги поместував границите на тоа што можам да го постигнам ме доведе до физиката“, вели таа.

Нејзината фасцинација со вселената започнала уште кога била малечка. Таа била запишана во Центарот за надарени при средното училиште во Чикаго.

Авионот, со кој таа летала над езерото Мичиген додека била тинејџерка, и` овозможил да биде поблиску до вселената од било кога. Како што вели денес, таа се надева дека ќе некој ден ќе оди уште подалеку.

Слично

Поврзани вести