Наскоро состанок за поделба на 51 недвижнина од поранешна СФРЈ-Македонија ќе „лапне“ најмалку!
Наскоро во Белград ќе биде одржан состанок за поделба на имотот на поранешна СФРЈ на кој претставници на државите кои во екс Југославија имаа статус на републики ќе разговараат за поделба на 51 недвижнина, вредни повеќе од 110 милиони долари.
Поранешна СФРЈ имала 123 недвижнини ширум светот кои ги користела за дипломатско-конзуларни претставништва. Меѓу државите кои настанале со распадот на СФРЈ досега се поделени 72 недвижнини.
Поделбата на имотот кој го поседувала Југославија е прецизирана низ седум анекси: подвижен и неподвижен имот, дипломатски и конзуларен имот, финансиски побарувања и долгови, архива, пензии, долгови и приватна сопственост.
Во Анексот Б најмногу се однесе-од поделените објекти Србија доби 30, Хрватска 18, Словенија и БиХ по 10, Македонија четири објекти.
Се чека поделбата на 51 недвижнина, бидејќи имотно-правните прашања со државите во кои тие се наоѓаат не се решени. Спорни се објектите и земјиштето во Адис Абеба, Њу Делхи, Москва.
За пет недвижнини кои државите одлучија да ги продадат, две во Њујорк, по еден во Германија, Јапонија и Швајцарија, сукцесорите пронашле американски агент за недвижнини.
