Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАСКОРО ОДЛУКА: Ќе се спојат ли ВИП и ОНЕ?

НАСКОРО ОДЛУКА: Ќе се спојат ли ВИП и ОНЕ?
За две до три недели, откако ќе заврши длабинската проценка на компаниите, ВИП и ОНЕ се очекува да достават официјално известување до македонските државни органи за планираното спојување. Комисијата за заштита на конкуренцијата ќе го има финалниот збор. „Штом тие резултати ќе бидат познати ќе биде позната одлуката за продолжување понатаму. Воедно во тој момент ќе биде формално информирана Комисијата за заштита на конкуренцијата преку достава на документ, нотификација со која ќе се бара одобрување од регулаторните органи. Тоа не е случено во моментов, формална нотификација до Комисијата за заштита на конкурентноста не е доставена“, вели Никола Љушев, генерален директор на ВИП оператор. За сега до македонските органи е доставена само усна информација. Ако дојде до спојување со ОНЕ, ВИП нема да се откаже од кабелскиот оператор „Близу“ кој исто така е во сопственост на Телеком Австрија.
Слично

Поврзани вести