Наскоро нова цена на нафтата!
Адел Абдел Махди министерот за нафта на Ирак оцени дека цената за сирова нафта, која во јануари падна на најниско ниво во последните 6 години, повторно ќе достигне 64 или 65 долари за барел.
Барелот за „брент“ сирова нафта од Северното море падна од 115 долари во јуни минатата година на 41,19 долари во јануари, а пред 2 дена барел сирова нафта во Лондон чинеше 62 долари.
„Цената можеби нема веднаш да го достигне претходното ниво, но очекувам многу скоро да изнесува 64 или 65 долари“, изјавил Адел Абдел Мехди.
Ирак, кој го претстави својот буџет за 2015 година на основа на просечната цена на нафтата од 56 долари за барел, се зависи од продажбата на нафта, додека води скапоцена војна против организацијата на Исламската држава.
