Наскоро на аукција најскапиот дијамант кој чини 25 милиони долари
Совршениот стократен дијамант наскоро ќе биде понуден на аукција, а може да достигне цена помеѓу 19 и 25 милиони долари, соопшти агенцијата Анадолија.
Аукциската куќа Сотби ќе го понуди белиот дијамант на 21 април во Њујорк, а надавачите го сметаат овој камен за совршен.
Дирекоторот на оваа аукциска куќа задолжена за накит Гери Шулер за провидноста за каменот рекол дека е „како базен со мраз ладна вода“. Овој камен е единствен бел дијамант со најголема чистота и бела боја со повеќе од 100 карати кој ќе биде понуден на аукција.
Каменот е ископан во јужна Африка во последните десет години и имал повеке од 200 карати пред обработката и полирањето.
Сопственикот кој ќе го понуди дијамантот на аукцијата сака да остане анонимен.
Во последните 25 години само пет совршени дијаманти од 100 карати се продадени на аукциите. Камен од 118 карати пред две години е продаден за 30,6 милиони долари, што е и рекорд за вредноста на белиот дијамант.
Најскапиот дијамант некогаш беше 24,78 карати роза камен, а продаден е за 46 милиони долари во 2010 и тоа е рокорд на акциските надавања за скапоцени дијаманти.
