Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наскоро милион невработени во Србија

Наскоро милион невработени во Србија
Парите и тактиката која Србија ги избрала за борбата со историската стапка на невработеност, очигледно0 не се доволни за да се немали редот на бирото за невработени. Така и оваа година само на парична надокнада за невработени Србија ќе потроши 18.9 милијарди динари , пишува Новости. Истите методи Србија ги применила и минатата година, па затоа денес во оваа земја на список  можат да се пребројат вкупно 778.579 невработени, без надеж дека оваа листа ќе се скрати. -Таканеречените пасивни мерки влечат многу повеќе пари отколку активните, но колку и да се вложува во намалување на невработеноста, резулатите ќе бидат недоволни, бидејки отварањето на нови работни места зависи од развојот на земјата, вели Зоран Мартиновиќ, Државен секретар во министерството за труд и социјална политика. Тој додава дека вината е во тоа што најголемиот дел од државниот буџет на Србија се користи за издвојување на парични надокнади за невработените. Според него право на овие пари имаат луѓето кој без своја вина останале на работа, поради фактот што се прогласени за технолошки вишок или добиле отказ во време на стечај, банкрот или ликвидација на претпријатието. А додека биле вработени имале обврска секој месец да и плаќаат данок на државата. На  свое вработување во овој час во Србија се надеваат 59.551 факлултетски образовани луѓе и 62 граѓани кои имаа докторат.
Слично

Поврзани вести