Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наскоро канабис ќе се продава во хрватските аптеки

Наскоро канабис ќе се продава во хрватските аптеки

Во Хрватска наскоро треба да започне слободна продажба на медицински канабис.

Канабисот ќе се увезува од Канада и ќе се продава во вид на капсули. Луѓето ќе можат да го набават само со рецепт од лекар. Експертите објаснуваат дека канабисот може само да ги олесни симптомите на болеста, но не и да лекува, така што тој нема да биде вклучен во списокот на листата на фондот за здравствено осигурување, и пациентите ќе треба да го плаќаат сами.

Според неофицијални информации на хрватскиот весник „Дневник“, цената на канабисот за месечна терапија може да биде меѓу 200 и 270 евра. Засега во Хрватска медицински канабис можат да добијат само пациенти со мултиплекс склероза, карцином и СИДА.

Медицинскиот канабис беше легализиран во Хрватска, за да се заштитат пациентите од нелегалната продажба на канабис, кој често е со сомнителен квалитет.

Слично

Поврзани вести