Економија, финансии, бизнис

Контакт

Насипи кај Брегалница, Штип делува превентивно

Насипи кај Брегалница, Штип делува превентивно
Насипи со вреќи се поставени во сите штипски населби кај кои поминува реката Брегалница. Водостој на реката е зголемен, а ноќеска се очекуваат нови врнежи од дожд. Преземени се мерки за заштита на бунарите од кои  Штип добива вода за пиење, поучени од ланското искуство кога  поради поплавите на жителите им беше забрането да ја користат водата. Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев вели дека на терен се вработените на јавните претпријатија, припадниците на АРМ и пожарникарите. Во населбата Ново село се прават насипи со вреќи наполнети со песок, за да се заштитат куќите од можни поплави во текот на наредните денови. Реката Брегалница  синоќа поплави неколку викендици и ниви кои се лоцирани во непосредна близина. Со градежна механизација се чистени речните корита, за да не дојде до поплави при обилни врнежи од дожд.    
Слично

Поврзани вести