Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО БУКУРЕШТ: Романците бараат правда, а не корупција

НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО БУКУРЕШТ: Романците бараат правда, а не корупција

Во романскиот главен град,  Букурешт синоќа во судирите со жандармеријата повредени се 250 демонстранти и 9 жандарми. 

Над 100.000 луѓе се собраа на плоштадот Викторија за да го изразат своето незадоволство од коруптивните и контроверзните судски реформи наметнати од владејачкото мнозинство во Романија. Голем дел од учесниците се емигранти кои се дојдоа  специјално за протестот. Толпата извикуваше „Крадци” и „Оставка”. Полицијата пронашла два пиштола. 

Од жандармеријата тргнаа со водени топови и солзавец врз демонстранти кои фрлаа стаклени шишиња и камења против нив.  Романските медиуми забележуваат дека протестот во голема мера беше мирен, но неколку десетици вооружени лица почнаа да провоцираат. 

Пред почетокот на митингот, имаше судири меѓу граѓаните и полицијата. Неколку часа пред настанот, околу 1.000 луѓе беа собрани, носејќи ги знамињата на Романија и ЕУ и извикуваа „Правда, а не корупција”, пред седиштето на владата. 

Слично

Поврзани вести