НАШИТЕ СОСЕДИ СЕ ПРВИ НА ЛИСТАТА: Koлкав процент од Европејците поседуваат и втор имот?
Додека многу луѓе сонуваат да имаат свој покрив над главата, други имаат една или повеќе куќи и станови. Всушност, дури 69 проценти од Европејците поседуваат една, а една четвртина од вкупното население поседува и втор имот, според извештајот за трендовите во домувањето објавен од меѓународната агенција за недвижности Re/Max. Најголем број сопственици на два имота е забележан во Бугарија (46 проценти), по што следат Грција (39 проценти) и Хрватска (37 проценти).
Само осум проценти од Холанѓаните поседуваат втор имот, а дури 57 проценти од нив сметаат дека недвижностите се премногу скапи. Сепак, рекордери во песимизмот за недвижности се Ирците. Само 11 проценти од нив поседуваат втор имот, а 71 процент од нив тврдат дека е премногу скап. Во Ирска, целокупната состојба со домувањето изгледа предизвикувачка, при што 18 проценти од испитаниците се незадоволни од нивните моментални услови за живот - највисок процент меѓу европските земји.
„Главен двигател на ова незадоволство е прифатливоста на цените, а речиси половина (48 проценти) од незадоволните испитаници ја наведуваат како нивна главна загриженост“, според извештајот на „Ре/Макс“, како што објави „Еуроњуз“.
За некои, вторите имоти не се празни, додека за други тие се празни со причина. Имено, 44 проценти од учесниците во анкетата рекле дека вториот имот е куќа за одмор. 23 проценти од нив ќе се преселат во втор имот кога ќе се пензионираат.
Околу 16 проценти од Европејците ги издаваат своите куќи и станови под наем долгорочно, а ист процент ги издаваат под наем преку онлајн платформи. За 14 проценти од луѓето, недвижностите се дел од инвестициско портфолио, а еден од 10 Европејци го користи за живеење помеѓу два града, пренесува Mojaplaca.hr.
foto freepik.com
