Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нашите соседи се најсиромашни во ЕУ

Нашите соседи се најсиромашни во ЕУ

Нашите соседи, Грција и Бугарија се најсиромашни во Европската Унија (ЕУ). Од друга страна, Словенија е една од државите со најмал ризик за сиромаштија. 

Како што објави европското статистичко биро Евростат,  во четири држави-членки на Европска Унија, Бугарија, Романија, Грција и Шпанија, повеќе од една-четвртина од населението е изложено на ризик од сиромаштија. Во Романија 35,8 отсто од населението е во ризик од сиромаштија, во Бугарија – 33,6 проценти, Грција – 27, 5 отсто и во Шпанија 27 проценти.

Најнизок процент на изложеност на сиромаштија минатата година имало во Чешка – 11,5 отсто,  Словачка – 13,8 отсто, Словенија – 14,3 отсто, Холандија – 15,8 отсто и Финска 15,9 отсто.

Слично

Поврзани вести