Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАШИТЕ САНКЦИИ ЌЕ БОЛАТ: Русија го предупреди Западот

НАШИТЕ САНКЦИИ ЌЕ БОЛАТ: Русија го предупреди Западот

Русија го предупреди Западот дека работи на широк одговор на санкциите кој ќе биде брз и ќе се почувствува во најчувствителните области на Западот.

Руската економија се соочува со најтешката криза од падот на Советскиот Сојуз во 1991 година, откако Западот воведе рестриктивни санкции врз речиси целиот руски финансиски и корпоративен систем по инвазијата на Москва на Украина.

„Реакцијата ќе биде брза, внимателна и чувствителна за оние на кои им е наменета“, рече Дмитри Биричевскји, директор на Одделот за економска соработка во Министерството за надворешни работи, цитиран од новинската агенција РИА.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера воведе итна забрана за увоз на руска нафта и друга енергија како одмазда за инвазијата.

Русија претходно оваа недела предупреди дека цената на нафтата може да се искачи до над 300 долари за барел доколку Соединетите Американски Држави и Европската Унија го забранат увозот на сурова нафта од Русија.

Официјална Москва соопшти дека Европа троши околу 500 милиони тони нафта годишно, а Русија испорачува околу 30 отсто од тоа, или 150 милиони тони, како и 80 милиони тони петрохемикалии.

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека „специјалната воена операција“ е од суштинско значење за да се обезбеди руската безбедност откако Соединетите Држави го проширија воениот сојуз на НАТО до руските граници и ги поддржаа прозападните лидери во Киев.

Кина, втората по големина економија во светот, повика на воздржаност, но претседателот Си Џинпинг предупреди дека санкциите ќе ја забават светската економија.


Слично

Поврзани вести