Економија, финансии, бизнис

Контакт

Народниот правобранител смета дека затворениците се плашат да штрајкуваат

Народниот правобранител смета дека затворениците се плашат да штрајкуваат

Од канцеларијата на Народниот правобранител денеска информираа дека нема штрајк во затворите во Македонија.

Објаснуваат дека при посетата на нивни екипи било констатирано незадоволство меѓу затворениците, но и дека имаат основано сомневање дека на организиран начин тие се заплашувани.

„Народниот правобранител констатира дека има незадоволство од одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за дадената аболиција, како и од неговиот одговор на барањето за помилување на затворениците. Народниот правобранител, исто така, има основани сомневања дека, на организиран начин, врз затворениците им е вршен притисок да не штрајкуваат со што им е повредено правото на штрајк“- велат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Состојбата во затворите ќе се следи континуирано и претставници на правобранителството ќе разговараат со затворениците, за да им укажат на нивните права но и обврски. Ќе им кажат како може да искажат незадоволство, но и да знаат дека мора да го почитуваат куќниот ред.

Слично

Поврзани вести