Економија, финансии, бизнис

Контакт

Народниот правобранител: Децата подалеку од партиско-политички цели!

Народниот правобранител: Децата подалеку од партиско-политички цели!
Народниот правобранител Иџет Мемети во пресрет на кампањата за претседателските и предвремените парламентарни избори, апелира до сите учесници во изборниот процес за неопходната потреба за водење сметка за најдобриот интерес на детето, односно да се воздржуваат од инволвирање на децата во изборните кампањи. Според соопштението , Мемети истакнува дека е потребно одбегнување на сите обиди за евентуална манипулација, како и злоупотреба на децата за партиско-политички цели. - Апелот го упатувам со цел да не се повторуваат случаите од минатите изборни циклуси во кои децата беа користени во политички настани, спотови и билборди. Исто така, потсетувам дека злоупотребата на децата за политички цели се смета за кршење на нивните слободи и права, а со тоа и прекршување на сите меѓународни и домашни правила за заштита на правата на детето, вели народниот правобранител. Мемети исто така  ги повикува и медиумите да се приклучат кон овој апел, со цел одбегнување на можните злоупотреби на децата за политички цели. Според народниот правобранител, медиумите треба да се воздржат од емитување на платени политички програми или пораки доколку во нив се опфатени и децата.
Слично

Поврзани вести