Економија, финансии, бизнис

Контакт

Народната банка се огласи за привремената недостапност на дел од услугите со платежни картички

Народната банка се огласи за привремената недостапност на дел од услугите со платежни картички

Од Народна банка се произнесоа за проблемот со картичките. 

Велат дека во согласност и со информациите од објавеното известување на Македонската банкарска асоцијација,  Народната банка ја информира јавноста дека привремената недостапност на дел од услугите со платежни картички е поврзана со самите системи на картичните брендови Виза и Мастеркард. 

„До нивното надминување, клиентите можат непречено да ги користат потребните банкарски услуги во експозитурите и филијалите на банките. Народната банка континуирано ја следи ситуацијата и е во постојана комуникација со релевантните институции и деловните банки за побрзо надминување на пречките за непречено функционирање на сервисите. Напоменуваме дека паричните средства на граѓаните на сметките на банките се безбедни и достапни во секој момент“, велат од Народна банка. 

Македонската банкарска асоцијација известува дека услугите на деловните банки поврзани со картичките VISA и MasterCard се недостапни на банкомат, но и за плаќање во трговскиот промет.

Тие информираа дека станува збор за интернационален проблем и дека се работи на брзо нормализирање на сервисите.

Слично

Поврзани вести