И НАРОДНА БАНКА ВО БАРОК : Ќе се гради нов објект од 35 милиони евра
Ново барокно руво вредно околу 35,6 милиони евра ќе добие Народната банка на Република Македонија.
Новата административна зграда на Народната банка ќе се гради на местото на сегашниот парк до Министерството за надворешни работи.
Новата содржина од владиниот проект „Скопје 2014“ ќе се гради врз основа на идејното решение на авторите Никола Стакинов и Лазар Димов. Основниот проект за новата тура „барок“ во центарот на Скопје ја изготви проектантската фирма „ЛОУ ТЕК“, пишува Билд.
Централната банка објави тендер вреден над 1,8 милијарди денари без вклучен ДДВ, со кој ќе се издигне уште еден „барокен“ објект, со што треба целосно да се покрие погледот кон објектот на Македонската опера и балет.
Слично
