Економија, финансии, бизнис

Контакт

Народна Банка со ново видео за безбедно користење на електронското банкарство

Народна Банка со ново видео за безбедно користење на електронското банкарство

Народната Банка објави ново видео со наслов „Препораки за безбедно користење услуги од електронското банкарство“, што е дел од серијалот едукативни анимирани видеа „Со Народната банка во светот на финансиите“, а кои се изработуваат со поддршка од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ).

Тоа ќе биде достапно на веб-страницата на Народната банка и на страниците на Народната банка на социјалните мрежи.

Серијалот едукативни анимирани видеа „Со Народната банка во светот на финансиите“ е предвидено да содржи девет видеа и во нив се обработуваат актуелни теми од доменот на финансиите коишто ги засегаат сите граѓани како активни субјекти во финансиските текови.


Слично

Поврзани вести