НАРОДНА БАНКА СО НОВА МЕРКА ЗА ШТЕДЕЊЕТО ВО ДЕНАРИ: Продолжи ли трендот на менување на заштедите во евра?
Во обид да го стимулира штедењето во денари и трендот на менување на заштедите од денари во евра, Народната банка донесе нова одлука. Со неа се намалува стапката за задолжителна резерва од денарските обврски од 8 проценти на 6,5 проценти, со едновремено зголемување на стапката на задолжителна резерва од обврските во странска валута од 15 отсто на 16,5 проценти. Преку овие промени се зголемува просторот за промени во каматната политика на банки во полза на штедењето во домашна валута.
„Во таа насока, се очекува банките да направат прилагодување на каматните политики во корист на денарски депозитни производи, што ќе ги зголеми приносите на денарското штедење. Оваа измена кај инструментот задолжителна резерва, која ќе се применува од јуни годинава, е во линија со Стратегијата за поддршка на денаризација на домашната економија, стои во известувањето од Народната банка.
Фактор веќе пишуваше дека стравот од девалвација во земјава, за кој монетарните власти постојано тврдат дека е целосно неоправдан и дека таква промена на вредноста на домашната валута нема да се случи, сепак, во последниов период ги натерал дел од граѓаните, своите заштеди во банките кои досега ги чувале во денари, да ги претворат во евра.
Последните податоци кои ги објави Народна банка на Македонија, а кои се однесуваат на февруари, но уште повеќе и за јануари оваа година, говорат дека во тие месеци веќе почнал трендот на конвертирање на дел заштедите - од денари во евра. Односно, според бројките на НБМ, на крајот на февруари годинава, граѓанските депозити кои што се чуваат во денари изнесувале 2,43 милијарди евра, или прецизно 2.427.235.772 евра, наспроти 2.427.626.016 евра, колку што изнесувале депозитите на крајот на јануари годинава. Ова значи дека во февруари во однос на јануари имало сосема мал тренд на намалување на депозитите во денари, и тоа точно за 390 илјади евра. „Притоа, врз основа на податоците од последниот квартал од 2021 година беше констатирано дека нема потреба од воведување на мерки за ограничување на кредитната активност. Советот донесе одлука за стапката на противцикличен заштитен слој на капиталот за изложеностите во Република Северна Македонија, како и на стапката на противцикличен заштитен слој на капиталот за изложеностите кон други земји во висина од 0 отсто, велат од Народната банка.Инаку на последната седница, членовите на Советот на Народна банка ги разгледале и информациите во однос на цикличниот системски ризик кај кредитирањето.
