Економија, финансии, бизнис

Контакт

Народна банка: Се зголемуваат депозитите

Народна банка: Се зголемуваат депозитите

Во февруари 2019 година, кај паричната маса (монетарниот агрегат М3 1,2 ) е евидентиран месечен раст од 0,8%, главно под влијание на зголемувањето на депозитните пари3 , при мал раст и кај готовите пари во оптек и краткорочните и долгорочните депозити до две години, информираат од Народна банка. 

На годишна основа, паричната маса е зголемена за 10,0%, како резултат на зголемувањето кај сите компоненти, со најголем придонес на депозитните пари и краткорочните депозити, по што следуваат долгорочните депозити до две години и готовите пари во оптек. ‒ Вкупните депозити4 во февруари остварија месечно и годишно зголемување од 1,1% и 10,3%, соодветно, при раст на депозитите кај двата сектора, поизразен кај секторот „домаќинства“.

„По месечното намалување во јануари, вкупните кредити во февруари се зголемени за 0,6%, што главно произлегува од зголеменото кредитирање на корпоративниот сектор (учество во вкупниот кредитен раст од 77,2%). Споредено на годишно ниво, растот на кредитите од 8,2% се должи на зголеменото кредитирање на секторот „домаќинства“ и на корпоративниот сектор, со поголем придонес на секторот „домаќинства“ (учество од 56,5%).  Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во февруари 2019 година, пораснаа за 0,8% на месечна основа, главно под влијание на депозитните пари и на депозитите во странска валута (краткорочни и долгорочни) и долгорочните денарски депозити, во услови на евидентиран пад кај краткорочните депозити во денари. Стапката на годишен раст на депозитите на корпоративниот сектор изнесува 9,5% и во најголем дел се објаснува со зголемувањето на депозитните пари и на краткорочните депозити во странска валута и во денари“, велат од Народна банка. 

Кај кредитите на корпоративниот сектор7 е евидентиран месечен раст од 0,9% и годишен раст од 6,9%. Анализирано по валута, кредитите одобрени во денари имаат најголем придонес кон растот на месечна и на годишна основа.

Во февруари, вкупните депозити на домаќинствата се зголемија за 0,8% на месечно ниво, во најголем дел под влијание на растот на депозитните пари (79,9%). Годишниот раст изнесува 8,8% и во поголем дел произлегува од зголемувањето на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, во услови на раст, но поумерен, и на долгорочните депозити во денари и во странска валута.

Кај вкупните кредити на домаќинствата, во февруари, е забележан раст од 0,3% на месечна основа, којшто во целост се објаснува со зголемените кредити во денари. Гледано на годишна основа, вкупните кредити на домаќинствата остварија раст од 9,6%. Од аспект на валутната структура, годишниот раст во најголем дел се должи на денарските кредити (учество од 70,7%).

Во февруари, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапената категорија ‒ потрошувачките кредити, месечната стапка на раст изнесува 1,0%, а на годишна основа оваа категорија бележи раст од 11,0%. Растот на станбените кредити и во февруари забавуваше, со остварена месечна и годишна стапка на раст од 0,3% и 13,6%, соодветно, додека кај автомобилските кредити е евидентирана надолна месечна и годишна промена од 0,9% и 1,1%, соодветно. И кај кредитите одобрени на кредитни картички е забележан месечен и годишен пад од 0,5% и 0,3%, соодветно. Во февруари, негативните салда на тековните сметки бележат месечно намалување од 0,8%, а на годишна основа се зголемени за 5,1%. Кредитите одобрени врз други основи остварија месечен и годишен пад од 6,7% и 5,6%, соодветно. 

Слично

Поврзани вести