Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАРОДНА БАНКА ОБЈАВИ ДЕКА ИМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ: Колкави се девизните резерви?

НАРОДНА БАНКА ОБЈАВИ ДЕКА ИМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ: Колкави се девизните резерви?

На крајот на декември лани, официјалните девизни резерви изнесуваат 4,9 милијарди евра и во однос на претходниот месец има зголемување за 63,1 милион евра, објави Народната банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (74,2 отсто), по што следуваат монетарното злато (16,5 отсто) и валутите и депозитите (9,3 отсто).

Гувернерот Трајко Славески, неодамна изјави дека девизните резерви се повисоки за околу 50 отсто во однос на 2019 година и се на комотно ниво коешто гарантира стабилност на девизниот курс и обезбедува простор за интервенции, доколку се укаже потреба.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести