Народна Банка: Мерките на НБМ нема да предизвикаат пад на профитот на банките
Народната банка се јави со реакција на денешниот текст на Фактор ПОСЛЕ ВРТОГЛАВИОТ РАСТ: Ќе паѓаат профитите на македонските банки!, со објаснување дека мерките што НБМ ги презела нема да влијаат на паѓање на профитот на банките. Реакцијата ја пренесуваме во целост:
Во денешниот текст за банкарските профити објавен на вашиот портал изнесени се погрешни констатации за ефектите од нашата мерка донесена во декември 2015 година а ефектуирана во јуни 2016 година.
По примерот на другите земји, со мерката којашто ја презеде Народната банка на крајот на 2015 година, се задолжија банките да ги исчистат своите биланси од сите побарувања коишто повеќе од две години се целосно резервирани и да ги пренесат во својата вонбилансна евиденција. Тоа значи само сметководствено пренесување на овие побарувања од билансна во вонбилансна евиденција. Сите трошоци поврзани со резервации на овие побарувања се направени во претходните години, така да со оваа мерка, банките не прават никакви дополнителни расходи. Оттука, во никој случај ваквото пренесување нема да влијае врз нивните добивки. Напротив, евентуалната наплата на овие побарувања би креирала вонреден приход.
Доказ дека извршените отписи не влијаат врз приходите коишто ги остваруваат банките е фактот дека на крајот на јуни, добивката на банкарскиот систем е зголемена за речиси 40% во однос на истиот период минатата година. За потсетување, најголем дел од „чистењето“ на кредитните портфолија на банките се случи токму во јуни 2016 година.
Слично
