Економија, финансии, бизнис

Контакт

Народна банка ја намали каматната стапка на благајничките записи

Народна банка ја намали каматната стапка на благајничките записи

Централната банка на последната седница одлучи да ја намали каматната стапка на благајничките записи за  0,25 процентни поени .

Намалена, таа сега изнесува 3,75% а понудата на благајнички записи на аукцијата на 14 декември од НБМ решија да се зголеми од 22.000 милиони денари на 23.000 милиони денари. 

Како што соопштија од оваа институција, овој потег е одраз на видливото стабилизирање на очекувањата на економските субјекти, коешто во континуитет е присутно во последните шест месеци, и на значително повисоката структурна ликвидност на банкарскиот сектор.

„Сигналите за стабилизација се видливи во двата пункта каде што политичката криза имаше најголеми ефекти - девизниот пазар и депозитите во банкарскиот систем. Имено, во услови на поволни движења на девизниот пазар, НБРМ и во текот на декември интервенира со откуп на девизи, шести месец последователно. Истовремено, првичните ноемвриски податоци покажаа продолжување на растот на штедењето на населението во банкарскиот систем, присутен во континуитет од јуни наваму“, велат од банката.

Поволните остварувања се во услови кога оцените за стабилноста на економските фундаменти и натаму остануваат позитивни.

Слично

Поврзани вести