Економија, финансии, бизнис

Контакт

Народна банка проектира раст од 3 отсто за годинава, а кај инфлацијата се очекува натамошно забавување

Народна банка проектира раст од 3 отсто за годинава, а кај инфлацијата се очекува натамошно забавување

Советот на Народната банка во последниот квартален извештај ја намали проекцијата за растот на македонската економија. Централната банка прогнозира дека БДП до крајот на годината ќе порасне за три проценти, наместо претходните 3,3 отсто.

„За оваа година се очекува раст од 3 отсто, што претставува мала надолна ревизија во однос на октомвриската оцена, во услови на понеповолно надворешно окружување. За периодот 2026 − 2027 година, оцените и понатаму покажуваат раст на економската активност од 4%“, се наведува во соопштенитео.

Зголемена е и проекцијата за раст на инфлацијата. Наместо очекуваните 2,5, сега се 3 проценти стапка на инфлација до крајот на 2025.

„Најновите оцени упатуваат на просечна стапка на инфлација од 3% во 2025 година, наспроти октомвриските согледувања за инфлација од 2,5%. Оваа промена ги одразува малку повисоките остварувања во првиот квартал оваа година, но и нагорните ревизии на оцените за цената на суровата нафта и на основните прехранбени производи на светските берзи“, се наведува во соопштението.

Слично

Поврзани вести