Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нарачките од Италија се враќаат, чевларството се опоравува по кризниот период

Нарачките од Италија се враќаат, чевларството се опоравува по кризниот период

Чевларскиот сектор во земјава живнува по долгиот мртов период предизвикан од пандемијата на  коронавирусот.

Нарачки има од Италија, а почетокот на наставата со физичко присуство дава позитивни сигнали. Зголемена е побарувачката и потрошувачката на обувки. Чевларските компании имаат залихи од лани кои треба да ги продадат.

„Полека се враќаме во нормала. Постепено од Италија има нарачки, пазарот полека се стабилизира. Учениците почнаа настава со физичко присуство, и веќе има позитивни резултати, зголемена е продажбата. Очекуваме дека во наредниот период ќе биде подобро, затоа што дел од граѓаните чекаат, да видат како ќе се одвиваат работите, и дали наставата ќе продолжи вака како што е, за да набават обувки за децата. Невакцинираните граѓани можат да влезат во било која продавница, но не можат да влезат во моловите и тоа засега е кочница“, вели Лидија Милановска, претседател на Здружение на чевлари.

Ако лани отпуштаа, сега фирмите бараат работници.

„Јас барам работници, но кандидати слабо се пријавуваат“, рече Милановска.

Овој сектор лани беше во криза, токму поради пандемијата и заклучувањата во Европа. Рестрикциите доведоа до тоа дел од фирмите да се затворат, и да ги отпуштат работниците. Кумановските чевларски фирми ги пласираат своите обувки на пазарите во Италија, Германија, а дел и во Швајцарија.  Лани поради он лајн настава, но и работа од дома, драстично се намали потребата за купување на обувки. Сега состојбата се менува на подобро.

„Кој оди на работа и на училиште, мора да купува и чевли. Оние кои ја следат модата, си купуваат обувки од најновата колекција, а оние на кои тоа не им е важно, бираат удобни чевли на попуст“, велат од продавница за обувки во градот.

Во Куманово пред пандемијата, чевларскиот сектор броеше околу 1.200 работници.

Сања Атанасовска

foto unsplash.com

Слично

Поврзани вести