Економија, финансии, бизнис

Контакт

Напредок има, но не и време

Напредок има, но не и време
На два дена пред крајот на рокот за избор на специјален јавен обвинител, четирите најголеми политички партии во државата уште немаат постигнато договор. Единствениот напредок што се постигна по вчерашните преговори до доцните часови е тоа што партиите ги доближаа ставовите околу тимот на обвинителот. Извори од преговорите тврдат дека партиите се договорија специјалниот обвинител да има тим обвинители со кои заедно ќе работи на аферата ,,Прислушување” и случајот ,,Пуч”. Се уште не е договорено колку обвинители ќе битам вклучени во тимот. Денешните преговори почнуваат во 11 часот и на нив се очекува да се предложат имиња за специјален обвинител, за уште утре да се гласа во Собрание.
Слично

Поврзани вести