Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАПРАВИЛЕ НЕШТО УНИКАТНО: Канцеларијата ја замениле со семеен бизнис

НАПРАВИЛЕ НЕШТО УНИКАТНО: Канцеларијата ја замениле со семеен бизнис

Со ванила, чоколадо, јагода или кекс, семејството Стефановиќ од Србија прави сутлијаш и во тоа се единствени.

Тие ја замениле работата од 9 до 17 часот со сеемен бизнис, и отвориле бар за сутлијаш. 

Драгана Стефановиќ вели дека размислувале за бизнис, и конечно решиле со што ќе се занимаваат, а овој сутлијаш бар е прв од ваков вид во Белград, а најверојатно и во цела Србија, пишува српски Блиц. 

За кратко време станале успешни, така што бројот на вкусови и купувачи не ги бројат. 

Од идеја до реализација поминало доста време, но најтешко им било да го изберат првиот вкус. 

„Така поминаа девет месеци. Истражував и пробував различни вкусови, а во еден момент целиот комшилук јадеше сутлијаш и ни помогна што треба да се додаде и подобри“, вели Стефановиќ. 

Со текот на времето додавале нови вкусови, и сега ги имаат повеќе од 20, а најбаран е оној со соино млеко. Вели дека тој за купувачите бил позитивна новина. 

Бидејќи имаат купувачи кои се дијабетичари или водат здрав живот, тие сакаат да создадат сутлијаш без шеќер. 

Слично

Поврзани вести