Економија, финансии, бизнис

Контакт

Направил мини пивара и не згрешил

Направил мини пивара и не згрешил

Инженерот Голуб Чирковиќ кој цел работен век го поминал во компанијата Тигар во Пирот, по влегувањето во пензија почнал да прави пиво во родното село Дојкинци на Стара планина.

Раскажува дека оваа работа изгледала необично, но обидот се покажал како успешен и исплатлив. Вели дека тоа најдобро го покажуваат и туристите, во селото каде е отворен спортско рекреативен центар и е реновирана караула.

„На идеја да произведувам пиво дојдов пред 11 години, но на почеток не одеше како што треба. Потоа со синот на брат ми земавме мини пивара и почнавме да произведуваме пиротско пиво“ - вели Чирковиќ.

Освен пивница, отвориле и кафеана и велат дека гости имаат од цела Србија, но и од странство, од Германија, Холандија, Полска и други земји.

„Покрај пиво им се продаваат и домашни специјалитети и убавината на Стара планина“- додава тој.

Овој човек вели дека првите две три години нема голема заработка, но барем не се во минус.

Во мини пиварата дневно прават по 100 литри пиво.

Слично

Поврзани вести