Економија, финансии, бизнис

Контакт

Направени дополнителни анализи – мала е веројатноста дека Британецот починал од ебола

Направени дополнителни анализи – мала е веројатноста дека Британецот починал од ебола
Утре ќе пристигнат официјалните резултати од лабораторијата во Германија кои треба да потврдат има или не ебола во Македонија. Таму беа испратени примероците од починатиот пациент, британскиот државјанин Колин Џефри, кај кој здравствените власти утврдија слични симптоми како оние што ги предвизвикува опасниот вирус. Сепак, од Министерството за здравство денеска со смирувачки тонови. Синоќа биле направени дополнителни епидемиолошки анализи кои покажуваат дека најверојатно не се работи за ебола. Сепак се преземаат сите мерки за претпазливост. „Можам да потврдам дека неговиот бизнис колега со кој биле заедно во хотелот е добро, нема симптоми слични на неговите, но сепак е во карантин. Во карантин во хотелот се држат 25 лица, а на Инфективна клиника во карантин има 10 граѓани, меѓу нив и екипа на Итната помош. Тие немаат знаци како починатиот. Денеска темелно се дезинфицира собата во која тој беше сместен на Инфективна, а во хотелот има постојано болничка екипа со нашите и странците кои се во карантин“, вели денеска д-р Јованка Костовска од Комисијата за заразни болести. Здравствениот систем е во состојба на подготвеност и случајот се третира како да е ебола, иако официјално не е потврдено дека станува збор за ова опасна болест. Додека не се добијат резултатите од лабораторијата во Хамбург, нема да се врши обдукција на телото на починатиот. Телото се чува во специјален изолиран сандак и нема да се отвора додека не се потврди дали британскиот државјанин починал од опасниот вирус.
Слично

Поврзани вести