Економија, финансии, бизнис

Контакт

Направен првиот тест на пругата Битола - Кременица, возот ќе застанува и во индустриската зона Жабени

Направен првиот тест на пругата Битола - Кременица, возот ќе застанува и во индустриската зона Жабени

Фото: телевизија „Тера“

Денеска за прв пат со патнички воз беше направено тестирање на новата железничка пруга Битола - Кременица во должина одф 17 километри.

Тестот го направи компанијата „Страбаг“ со своите соработници и изведувачи на градежните работи за изградба на железничката пруга од Битола до граничниот премин.

Тестирањето се изврши со патнички воз и со цел практично да се воочат евентуалните пречки и проблеми на железничката пруга.

Граѓаните се предупредуваат да внимаваат на премините и железничките рампи, да ја почитуваат сигнализацијата и соопштенијата на компаниите во периодот додека се одвива тестирањето.

На линијата вградени се девет мостови, 38 пропусти, 30 премини, има нова станична зграда и нова сигнализација. Вредноста на инвестицијата е 17, 1 милиони евра.

„Страбаг АД“ и „Искра АД“ се изведувач и подизведувач на градежните работи.

Возовите на оваа делница попатно попатно ќе застаниваат на железничката станица кај Жaбени, каде што има и индустриска зона.

После многу децении за прв пат патнички воз сообраќа на оваа релација. 

Слично

Поврзани вести