Наполитано: Реформите се единствениот излез за Италија
Независно од тоа која партија ќе победи на следните избори во Италија, ќе треба да спроведе значителни рефроми за справување со должничката криза, изјави италијанскиот претседател Џорџо Наполитано.
„Пет години се доволно време за следната влада за да примени низа нужни реформи во период на буџетска строгост“, вели Претседателот кој изрази жалење бидејќи партиите не научиле да прават компромис во интерес на државата 13 месеци од преземањето на власта на технократската влада на премиерот Марио Монти.
Наполитано исто така жали за одлуката на Монти да се повлече од премиерската функција, како и за тоа што Парламентот не успеал да се договори за изборниот закон.
Како што е веќе најавено, Монти треба да поднесе оставка откако ќе биде изгласан буџетот за 2013 година, кон крајот на неделава. Италијанската владата пак, ќе продолжи да функционира до организирањето на следните парламентарни избори, кои најверојатно ќе се одржат во февруари.
