Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАПНАТО ВО РЕГИОНОТ: Бугарија воено ја зајакна границата со Македонија!

НАПНАТО ВО РЕГИОНОТ: Бугарија воено ја зајакна границата со Македонија!

Бугарија ги зголеми воените сили на границата со Македонија поради политичката криза во земјава и последните инциденти во Куманово.

Ова е , како што се наведува , мерка за  претпазливост на премиерот на Бугарија Бојко Борисов поради евентуално запирање на бранот на бегалци.

Како што рекол бугарскиот премиет, војниците се подговтвени и да запрат можни терористички напади.

„Војската е на границата и подготвува тактика за случај состојбата во Македонија да се влоши“, рекол Борисов во парламентот во Софија.

Бугарија, рекол тој, е подготвена, во случај на потреба да прими околу 90 илјади Македонци кои имаат бугарски пасоши.

Професорот за меѓународни односи на Универзитетот во Оксфорд и поранешен директор на Европскиот совет за надворешна политика во Софија Димитар Бечев не очекува голем бран бегалци доколку судирот, како што вели, остане на локално ниво.

Тој потсетува дека бегалци немало ни во 2001 , кога Македонија беше на раб на судири од големи размери, кои и тогаш беа успешно локализирани.

Дологорочната опасност се крие во евентуална дестабилизација на Македонија - нејзината целокупна нестабилност уште повеќе ќе ја изолира што ќе влијае и на Бугарија“, рекол Беќев.

Според неговоите зборови, изолацијата на Македонија во последните седум години е во расчекор со бугарските интереси. Дури и да нема директни закани, изолацијата на Македонија од евроинтеграцијата, нејзните проблеми со демократизацијата и назадување преку авторитативното раководење индиректно ја погодува Бугарија.

„Ако се погледне подлабоко, денешните проблеми во Македонија се поврзани со корупцијата, клиентиелизмот, користење на власта за лични и семејни интереси на одредени групи. Тоа се проблеми, а не меѓуетнички напнатости, како побрзал да оцелин лидерот на ДПС Љутфи Местани“, вели Димитар Бечев.

Слично

Поврзани вести