Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАПНАТО: Српските пратеници затворени во косовскиот Парламент додека не дојде Хан

НАПНАТО: Српските пратеници затворени во косовскиот Парламент додека не дојде Хан

Српските пратеници во Собранието на Косово се затворија денеска во пратеничкиот клуб, со барање да имаат одвоена средба со еврокомесарот Јоханес Хан,  кој утре доаѓа во Приштина.

Тие со него сакаат да разговараат за потенцијалната хуманитарна криза со која се соочува српскиот народ ако царината од 100 проценти веднаш не се повлече.

Пратениците сакаат да го запознаат Хан со антисрпскиот потег на косовските власти и се решени да останат до утре во просториите на Собранието. 

Ова го кажа претседателот на Кризниот штаб на Српска листа, Горан Ракиќ по состанокот на овој информативен орган.

„Нашите легитимни претставници ќе го запознаат Хан и Европа со анти-српксите потези кои водат кон хуманитарна катастрофа“, рече Ракиќ.

Тој додаде дека политичките претставници на Србите во Приштина денес легитимно и демократски се борат за тоа српските деца на КиМ да имаат право на живот, храна и иднина.

Еврокомесарот утре ќе ги посети Белград и Приштина со цел да се запознае со состојбата по зголемувањето на Владата во Приштина на царините за српски производи за 100 проценти.

Хан во Приштина ќе се состане со косовските претседател и премиер Хашим Тачи и Рамуш Харадинај, со претседателот на Парламентот, Кадри Весели, како и со претставници на опозицијата.

Пред десетина дена царините за српските производи се зголемени. 

Слично

Поврзани вести