Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАПНАТО НА ЈУЖНАТА ГРАНИЦА: Како да се издржи притисокот!

НАПНАТО НА ЈУЖНАТА ГРАНИЦА: Како да се издржи притисокот!
Тензична и напната е состојбата на јужната граница  откако се ограничи поминувањето на мигрантите на почетокот на овој месец и се  пропуштаат  само бегалците од воените подрачја, најмногу од Сирија, Ирак и од Авганистан. Секој нов ден е предизвик и за хуманитарците кои работат на терен. Деновиве дополнително дел од европските медиуми го отворија прашањето дали и колку се безбедни и заштитени оние кои нудат заштита и хуманитарна помош и колку е тешко да се справат со предизвикот наречен бегалска криза?! Сузана Тунева –Пауновска, генерален секретар на  Црвениот крст,  за Фактор  вели дека дел од мигрантите деновиве во знак на револт често ја одбивале  хуманитарната помош во храна и ќебиња, освен медицинската помош неопходна за итните случаи. Нивните тимови под амблемот на најголемата светска хуманитарна организација се соочени со сериозен предизвик- безрезервно да помогнат и да останат имуни на емоциите, човечките судбини како и револтот на дел од мигрантите кои немаат трпение по долгиот и напорен пат.  Зад секој од 188-те волонтери и 30-те професионално ангажирани лица на Црвениот крст според  Тунева-Пауновска  има професионална обука со која се подготвени за вакви форми на кризни состојби кои се менуваат од час во час. “Можеби за нас е малку поразлично бидејќи работиме под амблемот на Црвениот крст кој е бренд во светски рамки, а исто така лицата кои ние ги ангажираме имаат обука и се подготвени за работа на терен. Досега сме немале поголеми проблеми. Лицата кои работат на терен треба да поседуваат комуникациски вештини, да бидат подготвени да работат под притисок и секако да имаат соодветна психосоцијална подршка од страна на стручни лица кои ја следат нивната работа. Во моменти кога има кризи има доста голем број на волонтери во различни организации кои буквално од дома излегуваат на терен понесени од емоциите и желбата да помогнат. Тогаш се случуваат можеби немили настани”- вели генералниот секретар на Црвениот крст Тунева-Пауновска. 2 Хуманитарците на терен вели се секогаш подготвени да делуваат брзо и ефикасно. Временските неприлики и напливот на бегалци меѓу кои честопати има многу жени, деца и хронично болни лица ги прoживуваат заедно со овие луѓе. Состојбата дололнително се усложни кога стотици Мароканци, Алжирци и Пакистанци   кои се економски мигранти се обиделе да ја преминат грчко-македонската граница отстранувајќи ја бодликавата жица, барајќи да го продолжат своето патување кон северна Европа. Оттука почнал да расте и револтот. Тие се дел од околу 1.500 мигранти кои се заглавени на границата по одлуката на европските политичари да се филтрираат мигрантите и да им се дозволи премин само на оние кои бегаат од конфликтите во Сирија, Авганистан и Ирак. “Деновиве одбиваа секаков вид на помош, храна, ќебиња, освен медицинските интервенции. Постојано имаме информација согласно потребите од терен дали има значително зголемување на бројот на  мигранти и потребите од залихи и помош. Вкупно се вклучени во целата операција 188 волонтери и 30 професионално ангажирани лица на стручната служба на Црвениот крст. Тимовите се поделени во 11 тимови за медицинска подршка, 4 за логистика, дистрибуција, топол оброк. На дневна основа околу 4200 лица добиваат услуга од страна на волонтерите од Црвениот крст” –додава Тунева –Пауновска. 3 Црвениот крст вели има програма која е планирана до крајот на  април и опфаќа помош за околу  116 000 лица, а капацитетите како организација ги задоволуваат потребите на терен согласно подготвеноста за одговор во кризни состојби. Во меѓувреме деновиве повеќе европски претставници упатија порака за  заеднички настап, техничка и оперативна координација за справување со мигрантската криза  бидејќи не се очекува стивнување на  мигрантскиот бран. Една од нив е да се спроведе Европскиот  акционен план за ревизија на контролните  механизми за прифаќање  во зедничкиот европски простор со сите балкански земји опфатени со  мигрантска криза. Акцискиот план ги третира хуманитарните и безбедносните аспекти, капацитетите за прифаќање, за идентификација, регистрација и  зголемена контрола на границите, со кој се откриваат политичките и економските  мигранти од оние кои доаѓаат од земјите опфатени од воени дејствија. По случувањата во Париз се отвори и прашањето за потребата од поголема полициска и воена координација за обезбедување на границите по целата мигрантска рута. С.Б.
Слично

Поврзани вести