Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наплив на готовински кредити-загриженост во најава

Наплив на готовински кредити-загриженост во најава

НБРМ усвои мерки кои би требало да го забават високиот раст на долгорочни потрошувачки кредити во земјава.

Тие мерки се воведуваат за да се ограничат потенцијалните ризици од забрзан раст на долгорочни потрошувачки кредити, односно превентивно да се влијае на сигналите за иден можен раст на ризикот на наплата на тие кредити.

Како што се наведува во соопштението на НБМ, мерката предвидува да се зголеми капиталот кој бизнис банките го издвојуваат за секој потрошувачки кредит чиј рок на враќање е осум или повеќе години, а ќе се применуваат од 1 јануари 2016 година.

Според објаснувањето на централната банка, таа мерка не значи дека банките ќе престанат да одобруваат заеми со долги рокови на враќање, но се очекува да го следат тој сигнал и да допринесат за забавување на растот на долгорочните потрошувачки кредити.

Во последните две години, според НБМ, значаен раст е забележан кај потрошувачките кредити на рочност до 10 години, „чија годишна стапка на раст во септември достигнала дури 47,5 одсто“.

„Иако засега растот на нефункционални кредити е умерен, тој се забрзува во последните месеци“, наведуваат од централната банка со напомена дека моменталното учество на нефункционални кредити е на релативно ниско ниво од 5,2 одсто.

Според медиумите, заклучно со септември вкупнот долг на граѓаните на Македонија кај банките изнесувал повеќе од милијарди евра, што е 14,3 одсто повеќе од лани.

Слично

Поврзани вести