НАПЛАДНЕ: Еве кои мостови ќе ги блокира Шарената револуција
Точно напладне шарената револуција во главниот град ќе блокира три клучни мостови.
Доколку планирате да одите во град избегнувајте ги Мостот Гоце Делчев, Мостот Слобода и Мостот Мајка Тереза кај МАНУ.
Овие блокади се дел од протестите и стратегијата на протестантите кои веќе два месеци протестираат на улиците ширум земјава.
Организаторите велат дека со овие блоклади ја покажуваат нивната бескомпромисност кога нивните барања не се слушаат а помалку исполнуваат.
„Нема да дозволиме криминалците да останат неказнети, а демонстрантите да бидат под прогон! Многу сме, моќни сме, секој/а од нас споделува силна идеја за праведна држава и слободно општество и тоа ќе покажеме преку нашите следни дејствија!
Конечно, после најновата вест за напуштањето на бродот кој тоне од страна на Ставрески, потсетуваме дека не побаравме оставка на еден министер, туку оставка од цела актуелна влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање на преодна влада која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори.“, порачаа од шарената револуција.
