Економија, финансии, бизнис

Контакт

Напаѓачот од Истанбул е од Централна Азија?

Напаѓачот од Истанбул е од Централна Азија?

Турските власти сметаат дека атентаторот може да е од Централна Азија, пренесе Франс прес, повикувајќи се на турскиот весник „Хуриет". 

Без да цитира извор, весникот тврди дека напаѓачот од клубот „Реина", по кој уште се трага, е осомничен за врски со ИД и дека може да е Киргизстанец или Узбекистанец.

Тој облечен како Дедо Мраз влезе во клубот и уби 39 луѓе. Меѓу жртвите и повредените во нападот има многу странци. 

25 од жртвите се странски државјани, дополнуваат американските медиуми. Меѓу нив има граѓани на Русија, Франција, Саудиска Арабија, Тунис, Либан, Јордан, Либија, Индија и Израел, потсети денеска ТАСС. Меѓу повредените има и една Бугарка.



Слично

Поврзани вести