Економија, финансии, бизнис

Контакт

Напаѓачот на Милан Беко бил млад маж!

Напаѓачот на Милан Беко бил млад маж!

Белградската полиција го има описот на напаѓачот кој синоќа пукаше во српскиот бизнисмен Милан Беко.

Според изјавите на сведоците кои го виделе напаѓачот, се работи за млад маж висок околку 175 сантиметри, со „нормални“ убави црти на лицето.

Напаѓачот го виделе неколку сведоци, кои дале изјава во полицијата.

Сведоците се воглавно станари на улицата во кој се случил нападот, и кои го виделе напаѓачот во текот на попладнето.

Министерот за внатреешни работи на Србија Небојша Стефановиќ изјавил дека полицијата пронашла четири чаури и едно зрно на местото каде две лица синоќа се обиделе да го убијат бизнисменот Милан Беко.

Според информациите на српската полиција, Беко е погоден од два куршуми, а дека пукал професионалец не е можно бидејќи истиот не би промашил од толкава оддалеченост.

Бизнисменот Милан Беко е повреден синоќа околу 17.30 часот со два куршуми пред својата куќа на Сењак.

Српскиот бизнисмен Милан Беко застрелан со два куршуми в стомак

Кој е Милан Беко? 

Слично

Поврзани вести