Напаѓачот од Суруч, Турција бил 20-годишен Турчин
Турски државјанин на 20 годишна возраст е атентаторот-самоубиец, кој предизвика смрт на 32 лица при терористичкиот напад во пограничниот со Сирија град Суруч. Тоа го објавија властите во земјата, пишуваат локалните медиуми.
Првичната информација беше дека атентаторот е 18-годишна жена. Најмалку 28 лица загинаа, а најмалку 100 - повредени откако напаѓачот се разнесе во градината на културен центар во турскиот град Суруч, до границата со Сирија. Снимките покажаа луѓе кои лежат во локви крв на земјата. По силната експлозија, која ги урнала прозорците на центарот, избувна пожар кој властите успеаја да го изгаснат. На местото на несреќата биле испратени 30 амбулантни возила и хеликоптери за да им помогнат на настраданите.
„Луѓето викаа и бегаа, и покрај паниката се обидуваа да помогнат“, изјавил за Си-Ен-Ен сведок на терористичкиот напад.
„Потонат во жалост поради терористичкиот акт, во кој загинаа 28 лица. Од името на својот народ го осудувам и проколнувам сторителот на ова насилство“, изјавил турскиот претседател Реџеп Ердоган.
