Економија, финансии, бизнис

Контакт

Напаѓачите на хирургот добија кривични, лекарите се пишманат за штрајк!

Напаѓачите на хирургот добија кривични, лекарите се пишманат за штрајк!

Со четири кривични пријави се соочија напаѓачите на хирургот од абдоменална хирургија од вчерашниот инцидент.

Двајцата браќа осомничени за нападот врз хирургот Љубомир Огненовиќ утрово во  скопскиот Кривичен суд беа на распит, при што надлежните ќе донесат мерки за нив.

Напаѓачите се товарат за делата обид за убиство, насилство,напад на службено лице и недозволено поседување на огнено оружје.

И денеска на скопските клиники е забележано полициско обезбедување.

Инаку во текот на вчерашниот ден беше нападнат хирург со огнено оружје од револтиран син на почината пациентка кој сега е во добра здравствена состојба.

Инаку утрово, како што пренесе Плусинфо е свикан извршниот одбор на синдикатот на Клиничкиот центар кој ќе одлучи за понатамошните чекори кои ќе ги преземат, а се појавиле и шпекулации дека лекарите од синдикатот побарале да се организира генерален штрајк, но сепак директорите притискале состојбата да помине без штрајк.

 Политичките партии, лекари, граѓани вчера побараа оставка од министерот Тодоров.

Сепак, и покрај тоа што самиот министер тврди дека чуствува морална одговорност за денешниот инцидент на скопската клиника во кој беше повреден лекари-хирург од страна лице лија мајка починала на клиниката, Тодоров вели оставка нема да поднесе.

Тодоров вели дека чуствува морална одговороност и е нормално дека да го тангира она што се случува во здравството, но не знае дали некој во светот може да спречи некој кој е со ваков морален код да го направи тоа што го направи

Слично

Поврзани вести