Нападот во Манчестер удри и во берзите
Акциите на Лондонската берза стагнираа, бидејќи двербата на инвеститорите „ја нагриза“ смртоносниот терористички напад во Манчестер.
Останатите европски берзи, меѓутоа, евидентирале скок на вредноста, поради позитивни економски податоци, при што франкфуртскиот индекс DAX скокна за 0,3 отсто на 12.659,70 поени, а парискиот KAK 40 за 0,6 отсто на 5.354,61 поени, пренесе Франс прес.
„Вредностите на DAX и KAK денеска пораснаа, бидејќи двете земји претставија импресивни податоци за индексот на менаџери за набавка на услужниот и индустриски сектор“, изјавил аналитичарот на компанијата CMC Markets, Дејвид Меден.
Еврото утрово зајакнало на 1,1248 долари од вчерашните 1,1239 долари, додека доларот паднал на 111,23 јени од 111,30 јени.
Азиските берзи денес воглавно се во пад, при што токискиот индекс Никеи паднал за 0,3 отсто, а шангајскиот за 0,5 отсто.
