Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нападот во Анкара виновен за падот на турската лира

Нападот во Анкара виновен за падот на турската лира

Ден после експлозијата во близина на автобуската станица во Анкара каде загинаа 37 лица и ранети се десетици, берзата во Истанбул се соочува со тепкотии.

Лирата ослабна за првпат после пет дена, намалувајќи се за 0,5% до 2,8829 за доларот во 9:26 часот утрово во Истанбул. Ова го зголемува нејзиниот пад од почетокот на годината досега до 1,2%, пишува Bloomberg.

Генерално пазарот во Истанбул чувствува силни флуктуации, обидувајќи се да се задржи на позитивна територија. Ако успее да заврши со раст денес, тоа ќе значи 11-ти ден по ред на покачување.

Приносот по 10-годишните државни хартии од вредност останува непроменет на ниво од малку над 10%.

Претседателот Ердоган и премиерот Давутоглу изјавија дека причина за нападите е недостатокот на нестабилност во регионот која ја прави Турција жртва на различни „терористички“ групи.

Првичните докази од местото на експлозијата и други податоци ги носат трагите на вооружена група, чие име ќе биде соопштено по завршувањето на истрагата, рече Давутоглу малку по експлозијата. Според неофицијалните податоци се смета дека експлозијата најверојатно е дело на курдски терористички групи.

Еден од самоубиствените бомбаши кои извршија терористичкиот напад во турската престолнина Анкара во неделата, веројатно е жена, поврзана со ПКК, пренесува AFP, повикувајќи се на турски извор, кој побарал анонимност.

 Во меѓувреме, во понеделникот авиони од ВВС на Турција нанеле удари против позициите на ПКК во северниот дел на Ирак. Нападот е извршен само ден по крвавиот напад во главниот град Анкара, при што според последните податоци загинаа 37 лица. Турската армија соопштува дека бомбардирањето е извршено околу планинските региони Кандил и Кара во северниот дел на ирачката држава.

Слично

Поврзани вести