Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута  е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

Рубљата е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година.

Податоците на Руската централна банка покажаа дека валутата денеска го достигна најниското ниво од 24 март 2022 година. Официјалниот курс на руската Централна банка денеска изнесуваше 102,58 рубљи за долар, а еврото се менуваше за 107,43 рубљи. На намалувањето на вредноста на рубљата влијае вчерашниот напад врз Украина со хиперсонична ракета и новите американски санкции насочени кон „Газпромбанк“, финансискиот огранок на „Газпром“. Откако почна војната во Украина, руската валута имаше падови.

Летово рускиот претседател Владимир Путин ги нарече еврото и доларот токсични валути на непријателски земји. 

Путин тогаш рече дека Русија мора да ја зголеми употребата на незападните валути.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести