Нападнат и ограбен Грк во центарот на Битола
Млади разбојници вчеравечер нападнале и ограбиле грчки државјанин во Битола.
49-годишниот Грк остана со празни џебови, откако напаѓачите го собориле на земја, му ја затвориле устата и му се заканувале. Тие од џебовите му ги извадиле двата мобилни телефони и двата новчаници, па избегале.
Полицијата поднесе кривични пријави против битолчаните С.Т.(20) и А.Ф.(24) за сторено кривично дело разбојништво.
Слично
