Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нападнат активист на Солидарност за транспарентот „Трчај како да ја носиш веста дека Грујо е во затвор!“

Нападнат активист на Солидарност за транспарентот „Трчај како да ја носиш веста дека Грујо е во затвор!“

Од Солидарност соопштуваат дека денеска нивни активисти присуствуваа на Скопскиот маратон и носеа политички ангажиран транспарент за охрабрување и бодрење на маратонците.

„Транспарентот на нашите активисти со содржина „Трчај како да ја носиш веста дека Грујо е во затвор!“ го привлече вниманието на присутните и се рашири на социјалните мрежи. Но очигледно пораката погоди и нечиј нерв. Набргу по истакнувањето на транспарентот, нашите активисти беа насилно турнати на страна од непознати лица. Транспарентот беше одземен и искинат, а нашиот активист кој го носеше транспарентот беше физички нападнат. За среќа, инцидентот е документиран и прикажуваме како тој се одвиваше. Нападот е пријавен и во полиција. Повикуваме на сите оние кои имаат било каква информација за идентитетот на напаѓачите, да ја споделат со нас. Прашуваме: дали се работи за случајни силеџии, дали се обезбедување на маратонот, дали се тоа припадници на политичка структура, или пак можеби се службеници на „редот и мирот“ во цивилна облека? “ - велат од Солидарност.

Според нивни неофицијални информации,  неуниформираните лица се дел од обезбедувањето во град Скопје. Тоа го поткрепува и фактот што беа повикани од лице со ознаки од обезбедувањето на градот, додаваат од Солидарност и потврдуваат дека лицата одбивале да се легитимираат и покрај барањата од активистите.

Слично

Поврзани вести