Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нападите ќе го уништат турскиот туризам

Нападите ќе го уништат турскиот туризам

Туризмот во Турција се соочува со сериозни проблеми по терористичкиот напад  од новогодишната ноќ во клуб во Истанбул. 

„Исламска држава" ја презеде одговорноста за нападот, во кој загинаа 39 луѓе. Убиените се од 14 земји, вклучувајќи ги и Канада, Русија и Индија. Тоа нанесува тежок удар и на туристичкиот сектор во земјата.

Во 2014 година Турција беше шестата најпопуларна туристичка дестинација во светот, зад Италија, а и имаше по 40 милиони посетители годишно.

Посетите почнаа да опаѓаат брзо по неуспешниот обид за државен удар, нападите од „Исламска држава" и оние на курдските бунтовници.

Според компанијата за истражувања во секторот на туризмот ForwardKeys бројот на туристите кои доаѓаат во Турција на аеродромите, е намален за 21% во 2016 година. Уште пред последниот напад во Истанбул бројот на посетителите се очекуваше да падне за 22% во првите неколку месеци на 2017 година. 

Туризмот претставува околу 5% од турската економија, а во оваа индустрија работат над 2 милиони луѓе, или 8% од работната сила во земјата. 


Слично

Поврзани вести