Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАПАД ВО ПРИШТИНА: Експлозив фрлен врз Парламентот

НАПАД ВО ПРИШТИНА: Експлозив фрлен врз Парламентот

Експлозивна направа  е фрлена синоќа врз Парламентот во Приштина.

Повредени нема, соопшти косовската полиција. Според првичните информации, експлозивот е фрлен од поголемо растојание. Косовските медиуми пишуваат дека две лица на мотоцикл испукале граната во зградата, а весникот „Експрес“ тврди дека врз Парламентот е истрелана „зоља“.

Полицијата го затвори делот околу зградата на Парламентот.

Нападот се случи пред денешната седница на Парламентот, на која треба да се расправа за демаркација на границата со Црна Гора, на што се противат опозицијата и движењето Самоопределување.

На лице место дојдоа и возила на КФОР. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести