НАПАД ВО ЏАМИЈА ВО ТИРАНА: Maж избоде пет лица
Маж на возраст од 34-години попладнево влегол во џамијата на улица „Патот на Каваја“ во Тирана и со нож повредил пет луѓе. Напаѓачот е Рудолф Николи од градчето Бурел.
Со брза интервенција полицијата успеала да го совлада. Повредените веднаш се однесени во болница каде им е укажана соодветна лекарска помош. Тие се надвор од животна опасност.
„Повредени се неколку наши браќа верници, како и неколку лица од џамискиот одбор. Освен во објкетот тој почна да напаѓа и лица на улица, кои за среќа успеаја да побегнат. Се надеваме дека не станува збор за терористички чин туку дека напаѓачот е лице со ментални проблеми“, изјави за агенцијата Балкан веб, имамот на џамијата Ахмет Калаја.
Увидна екипа и обвинител се на местото на настанот.
